септември 21, 2024

Повеќе од 5.000 српски војници со 2.300 парчиња оружје и 60 воздухоплови на воениот аеродром во Батајница извршија приказ на се со што располага војската на Србија на манифестацијата „Гранит 2023“, одржана по повод Денот на војската на Србија.

На манифестацијата, покрај целиот државен врв на Србија предводен од претседателот Александар Вучиќ, беа и унгарскиот премиер Виктор Орбан и претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

ДЕМОНСТРАЦИЈА НА СИЛА | ВУЧИЌ ПОКАЖА ВОЈСКА ПРЕД ОРБАН И ДОДИК

Приказот „Гранит 2023“ опфати програма за летање, вертикални маневри на специјалните единици, воздушна огнена поддршка, блиска воздушна борба, дефиле на припадници на специјалните единици, воздушни напади и тактичко-техничко изложба на оружје и воена опрема.

Во летечкиот дел од програмата учествуваа авиони и хеликоптери „МиГ-29“, „Орао“, „Ласта“, „Ми-35“, „Х-145М“ и „Ми-17“.

Беа преставени и противвоздушните ракетни системи „ФК-3“ и „Панцир“, противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем ПАСАРС, противтенковски ракетни системи „Корнет“, оклопни борбени возила „Милош“, „Лазар-3“ и „Хамер“, самооден топ – хаубица НОРА 155 мм, самооден повеќецевни ракетен фрлач „Огањ“, како и современи оптоелектронски средства.

Претседателот на Србија заедно со гостите го обиколи оружјето и воената опрема на аеродромот во Батајница.

-Пред 10 години немавме ништо, а ова што го прикажуваме денес е илјадници километри оддалечено од она што го имавме во минатото. Ова е големата сила на Србија – изјави Вучиќ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK