септември 21, 2024

Доколку сакате да се ослободите од салото на стомакот, пробајте го овој напиток кој многу лесно се прави. Тоа е комбинација од чиа семе, мед, лимон и вода во точни одредени количини.

Познато е дека чиа семето е одличен антиоксиданс и е полно со влакна, што е одлично за подобро варење. Лимонот го детоксицира организмот, благотворно делува на кожата, ја поттикнува работата на мозокот и дигестивниот систем, помага во губење на вишокот килограми. Медот е добар за многу работи, а меѓу другото го зголемува протокот на крв и го забрзува метаболизмот.
Комбинацијата на овие три здрави состојки помага за подобро варење и детоксикација на телото. Комбинирајте ги во точно одреден сооднос и ќе добиете напиток кој може да ви помогне да се ослободите од вишокот сало на стомакот.

Состојки:

чаша и пол вода;1 лажичка мед;сок од еден лимон;1 лажичка чиа семе.

Подготовка:
Ставете го чиа семето во вода и оставете го да отстои додека не набабри, околу еден час. Ако немате време наутро да чекате да набабрат, ставете ги навечер во вода, а наутро додадете ги останатите состојки.
Додадете сок од лимон и мед и добро измешајте. Доколку сакате пијалокот да има мазна текстура, ставете го во блендер.
Пијте го секое утро на празен стомак.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK