септември 22, 2024

Поранешниот перуански претседател Алехандро Толедо пристигна во Перу од САД, кои го екстрадираа на властите во Лима под обвинение за примање мито од десетици милиони долари.

Така Толедо стана третиот поранешен лидер на таа јужноамериканска земја кој завршил во затвор.
До судењето, Толедо ќе биде во притвор 18 месеци, во казнено-поправен дом во близина на главниот град Лима. Поранешните претседатели Алберто Фуџимори и Педро Кастиљо се во ист затвор.
Адвокатот на Толедо рече дека тој ќе побара да биде во домашен притвор поради здравствени причини.

Толедо, кој беше претседател помеѓу 2001 и 2006 година, во петокот им се предаде на американските власти и вчера беше екстрадиран во Лима. Властите го обвинуваат дека примил 35 милиони долари мито од бразилската градежна компанија „Одербрехт“, а за возврат им овозможил да добијат работи за изградба на автопатот.
Тој ги отфрли обвиненијата за корупција, а во обвиненијата стои и дека е вмешан во перење пари. Обвинителството побара затворска казна од 20 години за Толедо. Тој е во САД веќе неколку години, а американскиот суд во петокот ја отфрли неговата последна жалба да го екстрадира во Перу.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK