ноември 10, 2024

На Меѓународниот aеродром Скопје слета првиот авион на „Луфтханза“ од Франкфурт.Со настан организиран од ТАВ Македонија на скопскиот аеродром, по повод отворањето на новата авиолинија Франкфурт – Скопје со германската авиокомпанија „Луфтханза“, се означи влезот на авиокомпанијата на македонскиот пазар.

На Меѓународниот aеродром Скопје, првиот авион од Франкфурт го пречекаа министерот за транспорт и врски Благој Боварски, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак и регионалниот директор на групацијата „Луфтханза“ Петер Пулем.

Новата авиолинија – од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата. „Луфтханза“ од денеска ќе лета од Скопје до Франкфурт десет пати неделно.
Преку Франкфурт, патниците од земјава ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе држави во Европа и светот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK