ноември 24, 2024

Ноќеска по полноќ е запален „мерцедес“, сопственост на чувар од затворот „Идризово“. Ова е петто возило на вработен во затворот што изгоре под чудни околности во изминативе шест месеци, објави Макфакс.

Неофицијално, сомнежите се дека како и во сите претходно, така и во овој автомобил, пожарот е подметнат. Истрагата оди во насока дека нарачките за палење на автомобилите доаѓаат од затвореници.„Мерцедесот“ бил паркиран во дворот на чуварот. Пожарот се случил два часа по полноќ во скопско Ново Село. Чуварот вработен во „Идризово“ го забележал пожарот и реагирал бргу.

„Љ. К. сам го изгаснал пожарот, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Палењето на автомобилите доведе до акција во полуотворениот дел на „Идризово“ со асистенција на специјалци. Двајца затвореници, кои според Управата имаат проблематично донесување, биле преместени во затворениот дел.

Меѓу последните случаи беше и запалениот автомобил на заменик-директорот на „Идризово“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK