ноември 23, 2024

Активностите за унапредувањето на урбаното живеење кои ги започнавме во текот на март, продолжуваат и овој месец со изведба на нови паркови, нови зелени површини и простор за одмор и рекреација. Активно се работи на новиот парк со површина од 2300 квадратни метри во Стар Аеродром, а привршува изведбата на уште три зелени површини во овој дел од општината.

Првите две се лоцирани во непосредна близина на училиштето „Блаже Конески”, а третата веднаш до „Тобако 2″. 

Градоначалникот Муцунски на својата Фејсбук страна ги повика граѓаните масовно да ги користат новите зелени површини, при што потенцираше дека тие пред се го унапредуваат и збогатуваат маалскиот живот и квалитетот на живеење во Аеродром. Тој истакна дека со овие инвестиции, се остваруваат заложбите за повеќе зелени површини и нови паркови во Општина Аеродром.

„Зелените паркови и површини претставуваат нови инвестиции и проекти со кои го унапредуваме урбаното живеење на Аеродром, инвестираме во поубава и позелена општина и водиме грижа за потребите и барањата на граѓаните. Се радувам што пролетта и новите инвестиции Аеродром, носат и поубав изглед и повеќе содржини на различни локации”, напиша Муцунски во својата фејсбук објава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK