ноември 23, 2024

Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу, која утре доаѓа во официјална посета на Република Северна Македонија, в четврток на 27. април ќе престојува во Тетово, информираа од локалната самоуправа. Во градот се поставени билборди преку кои и се посакува добредојде на претседателката на Косово.

Превидено е Вјоса Османи Садриу во Општина Тетово да има средба со градоначалникот Билал Касами и заедничка изјава за медиумите. Потоа следуваат прошетки до ООУ „Лирија“, градскиот плоштад каде ќе има музички настап со стари народни песни, како и посета на Шарена џамија, информираа од Општина Тетово.

Вјоса Османи Садриу е претседателка на Косово од април 2021 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK