Докторот Бобан Вучевски кој е обвинет за пожарот во модуларната болница во Тетово, со аплауз беше пречекан од пациенти пред судот каде се даваа завршни зборови.
Тој се поздрави со дел од нив, кои беа собрани за да побараат слобода за него. Се заблагодари и за поддршката. Десетици граѓани порачаа дека судот треба да донесе ослободителна пресуда.
Конечно време е веќе да се донесе ослободителна пресуда за докторот. Да не доаѓа до овие судници, на него му е местото да биде со пациентите. Затоа за жал, во нашава држава, најдобрите и најхумани доктори ќе ни ја напуштаат земјава и ќе нема кој да не лекува. Овој доктор треба да биде анградена. не да доаѓа овде по судниците, затоа што нема никаква вина. Тој колку може помагал и се уште помага на пациентите. Ова е нанесена неправда, тој треба да се награди, а не овде да го губи времето. Него го чекаат пациенти на кои им пружа што е можно најголема помош“, рече жена која беше на протестот пред судот.
The post Докторот обвинет за пожарот во тетовската болница пречекан со аплауз: Ослободете го, го чекаат пациенти appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде