Глумецот Метју Пери од „Пријатели“ вети дека ќе ги отстрани деловите кои се однесуваат на Кијану Ривс од идните копии од неговата автобиографија. Во два наврати, тој во мемоарите праша зошто Ривс сè уште е меѓу нас додека талентиран актер како Ривер Феникс умрел.
„Тоа беше глупава работа што ја направив. Беше подло од моја страна и во секоја идна верзија на книгата нема да го има неговото име“, рече Пери на фестивал на книги во Лос Анџелс Тајмс и додаде дека на Ривс му се извинил јавно, но не и приватно. Вети дека ќе го направи тоа кога ќе се видат.
Пери ги објави мемоарите минатата година, а во нив зборуваше за неговата кариера и борбата со зависностите. За Феникс со кого глумеше во филмот „Ноќ во животот на Џими Рирдон“ од 1998 година во мемоарите напиша дека бил убав човек и од внатре и однадвор.
„Беше премногу убав за овој свет. Се чини дека секогаш талентираните момци одат надолу. Зошто оригиналните мислители како Ривер Феникс и Хит Леџер умираат, а Кијану Ривс сè уште оди меѓу нас?“, напишал Пери во мемоарите.
За потсетување, Феникс почина во 1993 година, на 23 години од предозирање со кокаин и хероин, а Хит Леџер од случајно предозирање со лекови во 2008 година.
The post Метју Пери ќе ги избрише од мемоарите лошите коментари за Кијану Ривс appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде