ноември 23, 2024

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ја „ситни“ втората година од мандатот откако на изборите победи со ветувања дека ќе изгради „европско“ Ѓорче.

Но година и половина од изборот Стојкоски не може да се пофали со многу сработени проекти.

Додека се уште беа во добри односи ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска, Стојкоски бомбастично најави дека депонијата во Ново Село ќе стане мега -парк, но таму сега работите се сериозно застанати.

На Стојкоски граѓаните најмногу му замеруваат што повеќе од една година свесно на ја отвораше најмодерната градинка во Волково, започната од неговиот претходник Наумоски.

Покрај тоа, се уште не е пуштена доградбата на ООУ ,,Тихомир Милошевски‘‘ во Ново Село со шест нови училници.

Нема ништо ниту од најавените две нови градинки, уредувањето на коритото на реката Лепенец се уште стои како ветување, а ја нема ниту реконструкцијата на главната улица во Волково.

Но затоа Стојкоски ги реализираше ветувањето за решавање на проблемот со водоснабдување во селото Кучково, реконструираше неколку улици и детски игралишта во општината.

Сепак, судејќи по коментарите на граѓаните, сето тоа е премалку за периодот откако Стојкоски е на функцијата градоначалник на општина Ѓорче Петров.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK