ноември 23, 2024

Денеска (25.04.2023) околу 07.00 часот на место викано „Дупки” во близина на Граничниот премин „Долно Блаце”, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Ц.Р.(47) од Република Косово и Ј.Л.(29) од с.Блаце, скопско.
При контрола во товарно возило „мерцедес” со косовски национални ознаки, управувано од Ц.Р., каде сопатник бил Ј.П., биле пронајдени повеќе производи без соодветна документација. Возилото и производите биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK