Маја Гоздановска Панчева и ќерките Надица и Марија вчеравечер беа поддршка на фудбалската легенда Дарко Панчев за време на промоцијата на документарниот филм „Патот на Кобра со ѕвездите“.
Трите дами облечени во класична црна комбинација, насмеани и задоволни по завршување на филмската проекција зборуваа за успехот на нивниот најважен човек во животот, сопруг и татко.
„Се воздржувавме сите три да не заплачеме затоа што во многу наврати и фамилијарно се случувало да погледнеме некои голови од тато. Веќе се возрасни и поголеми и да ги подучиме каде тато правел, што играл. Но мислам дека ова е само дел од она што Дарко го направил. Ќе има уште многу, многу серии каде што ќе ги гледаме“, рече Маја Гроздановска Панчева за Репортер.
Идеите за во филмот поголем дел биле на Дарко, но имало и мали сугестии од понежната половина.
„Повеќето се беше негова идеја, но кога снимавме фамилијарни сцени заедно се договаравме и се беше природно, се смеевме, зборевме“, рече помалата ќерка на Панчев, Марија.
Најдраги моменти во семејството Панчеви, се смејните седенки додека се гледа фудбалски натпревар на познати фудбалски екипи.
„Искрено татко ми често пати гледа на телевизија фудбал, знаеме со него заедно да изгледаме натпревар, кога поголемите екипи играат. Знаеме да следиме и да искоментираме нешто и тоа се едни од најубавите фамилијарни собиранки“, изјави поголемата ќерка на Панчеви, Надица.
Марија и Надица открија дека вчеравечер станале целосно свесни за популарноста на нивниот татко, но и за она што тој го направил во светот на фудбалот.
„Мислам дека ова вечерва беше моментот. Ова беше моментот кога ми се отворија очите кој всушност ми е татко. И мислам дека ова беше една од најубавите работи кои ги имам видено во мојот живот“, рекоа Марија и Надица.
На крајот од документарниот филм за Дарко Панчев „Патот на Кобра до ѕвездите“, беа претставени сегменти и од семејсниот живот на златната копачка. Па во еден момент се пофали дека во кујната одлично се снаоѓа само кога треба да подготви шпагети по италијански рецепт.
„Имам сведоци за тоа. Јас можеби не треба толку многу да говорам. Има тука која да го пофали тато. Уште од самиот почеток на нашето запознавање, секогаш се фалеше и верувајте навистина прави италијански шпагети за мерак. И многу добро му стои скуталето во кујна. Ја средува кујната на крај. Тој е девица во хороскоп и знаете како велат обично се уредни и навистина е така, морам да го пофалам“, раскажа Маја.
Неодамна таа повторно им се врати на живите свирки, заедно со Лидија Кочовска со која воедно се колешки во хорот на Националната опера и балет. Па така случајно ја зпаочнале и оваа приказна.
„Јас секогаш се водам по она што ќе ми се случи во моментот и никогаш не ги планирам работите. Ова со Лиде испадна сосема случајно таа да ме повика, бидејќи таа си има веќе свој бенд. Пејат низ повеќе локали и „ајде дали можеш да дојдеш како гостинка“, „нема проблем“. Некако гостинка, гостинка убаво си зачестивме. И секој еден пејач кој што се бави со таа професија знае дека музиката нема граници. И тие музички настапи со Лиде, доколку имате прилика да дојдете, релано да ја почувстувате таа убавина и љубов кон музиката“, рече Маја за Репортер.
Габриела Додевска
The post (Видео) Се воздржавме сите три да не заплачеме, Маја и ќерките за документарниот филм на Дарко Панчев appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде