Добро е што Артан Груби е свесен дека ќе лежи затвор, но се уште нема одговор зошто заедно со Ковачевски прифатиле Македонија да плаќа пенали ако не донесе закон за кој однапред знаеле дека е спротивен на уставот. Опозицијата не запира со острите реакции за отсуството на транспарентност во постапката за изградба на коридорите.
Лидерот денеска од Градско со порака до Груби. Не внесувај етнички елементи во афера во која си обвинет за тежок криминал
Мицкоски рече дека ќе бара одговорност и за тоа што власта прифатила да ја развласти Македонија во евентуален спор со странската фирма па наместо македонското се согласила да важи законодавството на Англија и Велс. Праша, зошто владата се согласила дивоградбите кои што по текот на трасата да ги откупува по пазарна цена и зошто се решила да го суспендира законот за јавни набавки.
Праша зошто се дозволува почеток на градба без уредна градежна дозвола и најави целосна ревизија на овој проект по промената на власта.
Sitel.Tv
The post Мицкоски: Не сме против коридорите, туку против договор со пенали и работна недела од 60 часа appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде