ноември 23, 2024

Британски и кинески експерти открија важна причина што придонесува за побрзо стареење, многу повеќе од физичката неактивност и цигарите, а тоа е осаменоста.

„Откривме дека психолошките фактори како осаменоста и чувството на незадоволство од животот додаваат до 1,65 години на биолошката возраст, што има ист ефект врз здравјето како пушењето 15 цигари дневно“, се вели во студијата објавена во списанието „Ageing“.

Осаменоста не е само проблем со менталното здравје, покажува најновата студија спроведена од експерти од британскиот универзитет Стенфорд и кинескиот универзитет во Хонг Конг.

Токму поради оваа осаменост буквално старееме побрзо, констатираа експертите и додадоа дека не е чудно што од појавата на пандемијата, бројот на луѓе кои се чувствуваат осамени е зголемен за 7,2 отсто кај возрасната популација.
Експертите процениле дека зимските месеци се периодот кога најголем број луѓе се чувствуваат осамено и несреќно.

Како што пренесува „The Sun“, нивото на осаменост во Велика Британија полека се зголемува од пролетта 2020 година, а во периодот од април до мај, пет отсто од луѓето, што е околу 2,6 милиони возрасни, изјавиле дека „често“ се чувствуваат осамено, или дури и „секогаш“.

Како што додаваат, проблемот е што сега на ред е вториот бран потешкотии на полето на менталното здравје како последица на пандемијата, што се влошува со чувството дека сме во перманентна криза.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK