Променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд, на места пообилни, особено претпладне во западните делови. Локално ќе има услови за појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.
Утринските температури ќе бидат од 2 до 10 степени, а дневните ќе се движат во интервал од 7 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 16 степени.
За утре метеоролозите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во следните денови ќе биде претежно стабилно, во четврток и петок со ниски утрински температури.
Следете не, не има насекаде