Директорката на градинката Детска радост во општина Гази Баба, беше разрешена од функција, откако надворешна ревизорска куќа констатирала низа незаконитости во нејзиното работење.
Како што информираше градоначалникот на општината Гази Баба, Бобан Стефковски, директорката набавувала мебел во детската градинка, но не мебел за децата, туку за кабинетот на менаџментот. Во моментот на набавката на мебелот, согласно донесениот Годишен финансиски план за тековната година не биле предвидени средства за ваква набавка. Со што исто така е направено прекршување на Законот.
Таа исто така многу трошела и под името „репрезентација“. Меѓутоа, парите оделе исклучиво за угостителски услуги, воглавно по завршувањето на работното време, а и си набавувала храна за носење.
– Направени се трошоци за репрезентација. Сите овие средства се потрошени за угостителски услуги. Ако се видат фискалните сметки ќе се утврди дека повеќето од нив се направени по завршување на работното време и во сметките е наведено дека е нарачувано и храна за носење – објави Стефковски.
По извршениот увид, било констатирано дека и службениот автомобил на градинката, бил користен за приватни цели.
– Недозволиво е некој кој постапува спротивно на Закон да води установа за згрижување на нашите деца и за сите законски прекршувања утврдени согласно Извештајот на независниот ревизор ќе поведам постапки пред соодветните институции во Република Македонија – нагласи Стефковски.
The post Разрешена директорка на градинка во Скопје: Се частела на сметка од градинката во кафана и си купувала мебел по избор !!!! appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде