На 25.04.2023 во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Д.А.(18) од Скопје.
Тој се сомничи дека на 24.04.2023 во Градски парк одзел електричен тротинет од Г.Т.(20) од с.Марино, општина Илинден. Лицето било задржано во полициска станица и во службен разговор го признал делото.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Следете не, не има насекаде