ноември 23, 2024

Истражувачка ракета која била лансирана во Шведска всленска корпорација се расипала и се срушила на територијата на Норвешка. Норвежаните веднаш реагирале и ги критикувале соседите, затоа што не ги информирале навреме.

Ракетата која била лансирана во понеделникот околу седум часот утрото паднала 40 километри од местото каде било планирано, во општината Малселв, на северот во Норвешка, пренесе „Би-би-си“.

За среќа во инцидентот нема повредени и не е направена никаква материјална штета. Ракетата паднала 10 километри подалеку од населено место во Норвешка, околу 15 километри од границата со Шведска.

Од Шведската вселенска корпорација соопштија дека истражувањата ги правеле на висина од 250 километри, а ракетата не била оштетена и дека на местото каде паднала веднаш испратиле хеликоптер.

Од Министерството за надворешни работи на Норвешка соопштија дека не биле прописно известени за  ракетата и за тоа дека се срушила во нивната земја, ниту дека бил испратен хеликоптер. Од Министерството додадиа и дека сериозно ја сваќаат секоја неовластена активност внатре во земјата.

„Кога ќе дојде до кршење на границите од исклучителна важност е одговорните да ги известат надлежните норвешки влсти преку соодветни канали“, е наведено во соопштението на Министерството.

Ракетата се вика Тexus-58 и е дел од европската програма која ја нарачала Европската вселенска агенција.

 

The post Швеѓаните лансираа ракета која случајно ја погоди Норвешка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK