Почина уште едно бебе во битолската болница, само два часа од породувањето пишува А1он.мк.
Според А1он.мк мајката има 24 години и ова и била прва бременост. Вчера била примена во болницата со породилни болки, а во текот на бременоста немала никакви проблеми и имала нормален тек на бременоста. Лекарите рекле дека станувало збор за исклучително тешко породување и дека состојбата на бебето била уште веднаш многу сериозна. И покрај напорите за реанимација бебето починало по само два часа.
Како што пишува А1он.мк во текот на утрешниот ден битолската болница ќе ја посети тим од Државен здравствен и санитарен инспекторат, комисија од инспектори и ќе ја утврдуваат причината за смртта на бебето. Со оваа ситуација запознан бил и министерот за здравство.
Следете не, не има насекаде