ноември 23, 2024

Најмалку 20 дена ќе доцни сеидбата на белото злато во кочанско оваа година. Дождот изминативе неколку дена зема данок, па како што велат оризарите механизацијата не може да влезе во нивите, не може да се работат истите и не може да се сее ориз. Дополнително стравуваат дека ако продолжат ваквите времеснки услови многу тешко ќе се одвива сеидбата на ориз.

„Еве сега тука сме собрани неколку земјоделци кои ја гледаат состојбата. Ако тргнете од Бање до Крупиште, Спанчево, Соколарци, 15 дена да не капне дожд механизацијата во нивите не може да влезе. Тоа значи дека сеидбата ќе биде многу касна и многу проблеми ќе има. Вода се полни оризите, а не е орано, дождот го направи своето ќе биде многу лошо.“ – вели Арсов.

Арсов додава дека на ваквата актуелна сосотојба во нивите во кочанско е алармантна. И да влезе механзиција сега, ќе се троши многу повеќе нафта за разлика од претходно. Стравуваат дека над 1500 хектари може да останат не посеани.

„Значи дека сеидбата ќе доцни 20 дена, пак ќе се сее во ниедно време, а ако заврне уште еден дожд нема ниту да се сее. Над 1500 хектари ќе останат не посеани. Верувајте дека механизацијата и ако влезе во нивите ако е трошил пет литри нафта сега треба да потроше 15 до 20. И потоа оризот велат не бил квалитетен.“ – додава Арсов.

Сеидбата на белото злато требаше да почне почетокот на месец мај, за навремено да се прозведе оризот и да биде со висок квалитет.

Лаура Стојанова М-Нет

The post Дождот ги наполни нивите во кочанско, сеидбата ќе доцни најмалку 20 дена appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK