Милијардерот Илон Маск се закани дека ќе преземе правна постапка против Мајкрософт поради тврдењата дека компанијата на Бил Гејтс „нелегално обучувала користејќи податоци од Твитер“.
Неговата изјава дојде како одговор на твитот во кој се вели дека рекламната платформа на Мајкрософт објавила дека ќе престане да го поддржува Твитер, наводно поради промените во социјалната мрежа, која сега бара плаќање за пристап до нејзиниот API.
Според медиумите, се претпоставува дека оваа закана е поврзана со OpenAI, односно дека податоците од Twitter се користат за обука на големиот јазичен модел зад производите како што е ChatGPT.
OpenAI не е во сопственост на Microsoft, но неодамна доби значајна инвестиција од компанијата, која ги вградува системите за вештачка интелигенција (AI) во своите алатки како што се Bing, Edge и Microsoft 365.
The post Маск против Гејтс: Ќе падне ли тужба? appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде