ноември 23, 2024

Општина Центар и оваа година ќе организира настан „Прослава на роденденот на Горан Стефановски“ и соопшти дека годинашното одбележување ќе биде потенцирање на  љубовта на драмскиот автор кон рокенролот.

По тој повод ќе биде изведен музичко-драмски перформанс во режија на Јордан Симонов, кој ќе вклучува извадоци од претставата „Лонг плеј“ на Стефановски.

Во перформансот ќе настапат актерот Александар Микиќ и музичарите Мирко Попов, Дина Јашари, Марија Каева и Владан Дробицки.

Прославата на роденденот на Горан Стефановски (27 април 1952 – 27 ноември 2018) ќе се одржи денеска во 13 часот на скверот „Јас и ти“ во Дебар Маало, спроти Општина Центар. На настанот ќе се обрати градоначалникот на Општината, Горан Герасимовски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK