ноември 23, 2024

Доколку сакате брзи, солени пикантерии тогаш овој рецепт ќе ве купи на прво залче. Кога станува збор за пикантериите во омилените се вбројуваат питата, мафините, кифличките, но и шпанската пита за која многумина велат дека е совршен спој на најубавите состојки.

Состојки:

200 грама брашно;1 прашок за печиво;180 милилитри јогурт;100 милилитри маслиново масло;4 јајца;100 грама кашкавал;150 грама фета сирење;150 грама шунка;4 кисели краставички;1 пиперка.

Подготовка:
Изматете ги јајцата, додадете го брашното и прашокот за печиво, маслото, јогуртот, сечканиот кашкавал, сечкана фета, шунка, краставичка, пиперка и сè измешајте.
Печете ја питата во подмачкан плех или обложен со хартија за печење на 200 степени Целзиусови околу 1 час. Пред крај покријте ја со фолија и намалете ја температурата на 180 степени Целзиусови.
Откако ќе се излади исечете ја на коцки и послужете ја со јогурт или некој друг напиток којшто го сакате.
Оваа пита е одлична и за носење, на пример во текот на утрешниот ден откако ќе ја направите може да си ја носите на работа, но потребно е да ја ставите во некоја чинија со капак за да не ја изгуби свежината и да не се исуши.

Уживајте во оброкот!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK