„Само што дојдов од супермаркет, каде ме малтретираа затоа што носев прекратка облека – им рече таа Инстаграм на своите 435.000 следбеници.
– Некои ме гледаа со предрасуди, други ме пцуеја и на крајот ме исфрлија од продавница. Мислам дека е апсурдно што нас жените сè уште нè третираат така само затоа што се облекуваме како што сакаме – изјавила Чавес .
Понатаму, 21-годишната девојка рече дека се чувствува навредена од непотребната омраза што ја „добила на интернет и во продавницата“.
– Мислам дека сите овие навреди имаат врска со „фобијата од убави жени“ со која се соочувам секој ден – напишала ѕвездата на OnlyFans. Исто така, инцидентот ги шокирал фановите, но не сите се согласија со манекенката и ѝ рекоа дека „нема потреба да оди така облечена во продавница“. Исто така, ѝ било кажано дека има „луѓе со деца на кои не би им се допаднало нејзиното разголување“.
– Тие би му го направиле истото на маж без кошула – образложил еден коментатор, додека други ги поддржувале ставовите на Чавес и ја убедувале дека менаџерите на продавницата грешат.
The post Бразилска старлета ја исфрлија од супермаркет оти пазарела со гол газ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде