Александар Јосифовски последниве две години е еден од милениците во „Ѕвездите на Гранд“. Музичарот од Охрид, а со своето пеење ја освои публиката и заврши втор во шоуто. Неговиот ментор Ѓорѓе Давид во полуфиналето се расплака и јавно кажа дека Александар со години бил алкохоличар кој се бори со зависноста. Александар Јосифовски, неодамна и за Репортер раскажа за проблемите со алкохолот и тогаш беше веќе пет месеци трезен. Неодамна во утринската емисија на Јована Јеремиќ, откри детали од лошите мигови, за тоа дека со денови не бил трезен, но и дека дека е на турнеја во Австралија, а тој бил во клиника за лекување од алкохолизам.
„Не знам како се случи, но премногу ми се допадна алкохолот, потоа следеше проблем. Сакам да кажам дека не пиев несреќен, пиев од среќа. Сè започна спонтано. Секогаш ќе кажам, тие што знаат да пијат нека пијат, тие што не знаат не пијат и тука е крајот“, рече Александар во утринска емисија и призна дека прво одбил да прифати помош, но Ѓорге го убедил и го посетувал во болница. „Го излажавме Поповиќ и Гранд дека сме во Австралија. Додека бев таму се јави Ѓорѓе и ми рече да не се грижам, само да го решам проблемот. Имаше приказна дека сум бил во Австралија, а бев на клиника. Свесен сум дека можам без алкохол, пуштам музика, одам во кафулиња, мојот бенд е тука, сите пијат, јас пијам вода. Тоа е тоа. Бевме пред некој ден, пиеја, рекоа сигурно ми е досадно, им реков: „Пијте уште малку да ме стигнете“ и рече Јосифовски во емисијата на Јована Јеремиќ.
Јосифовски летото за Репортер рече дека не пие веќе пет месеци и до денес не се напил капка алкохол.
„На почетокот ми беше тешко. Моите беа изненадени, не веруваа дека сум решен да престанам да пијам, ама имаа голема надеж дека ќе истраам. За секоја ваква одлука треба храброст. Мора да постои поддршка и од страна, ама ако твоите не ти помогнат, нема кој. Лекови не пијам и не ми требаше голема професионална помош. Ја водам својата борба, а и заради сè што ми се случува, ете и натпреварувањето со ’Гранд‘ што ме држеше фокусиран, тоа многу ми помогна“, откри тогаш Јосифовски.
The post Лажев дека сум во Австралија додека се лекував од алкохолизам на клиника: Александар Јосифовски за борбата со порокот appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде