Состојки:
300 гр тестенини, 1 конзерва туна (парчиња), 1 авокадо, мала главица кромид, 2 чешниња лук, 2 лажици густ јогурт, 2 лажици маслиново масло, сок од половина лимон, 40 гр рендан пармезан, сол, нане, сечкани ореви.
Подготовка:
Сварете ги тестенините во солена вода. Процедете ги и чувајте ги покриени. Авокадото пресечете го на половина, и испасирајте го. Потоа додадете ја туната, ситно сечканиот кромид, издробениот лук, маслиновото масло, сокот од лимон, јогуртот, пармезанот и сечканите ореви.
На крајот додадете нане и сол по потреба.
Сè убаво измешајте и ставете го врз топлите тестенини.
The post Паста со туна и авокадо appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде