Во општина Чаир денеска свечено беше инаугурирана улицата што го носи името на историскиот претседател на Косово, Ибрахим Ругова. На свеченоста присуствуваа актуелната претседателката на Косово, Вјоса Османи – Садриу, како и Теута Ругова, ќерката на претседателот Ибрахим.
Во оваа прилика, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу во својот говор потсети дека оваа улица се наоѓа во една од најстарите населби и многу блиску до Скопското кале.
По инаугурацијата на улицата „Ибрахим Ругова”, косовската претседателка Вјоса Османи ја посети и Старата скопска чаршија каде се сретна со локалните еснафи, додека заедно со Ганиу положија цвеќе кај споменикот на Скендербег и на Хасан Приштина.
Следете не, не има насекаде