ноември 23, 2024

Британскиот крал Чарлс со сопруата Камила ја открија сцената на која ќе бидат домаќини претставниците на Евровизија од 9 до 13 мај. На средбата со британската претставничка Меј Мулер, кралот Чарлс рече дека со голем интерес ќе го проследи Евросонг, кој годинава ќе се одржи во Ливерпул.

Голем број фанови коментираа дека Чарлс не бил идеален избор за откривање на сцената, затоа што не се снашол најдобро па наместо да стинсел едно од копчињата кое требало да го означи почетокот на отворањето,, тој ја пртиснал жолта рамка.

„Колку може да биде тешко да се притисне копче. Дали навистина Чарлс и Камила беа најдобриот избор за ова? Имаше само една работа, а тоа е да притисне копче“, коментирале некои од нив на „Инстаграм“.

За потсетување, ѕвездата на „Тед Ласо“, Хана Вадингем, ќе биде ко-водител на годинешниот Евросонг,  заедно со Алиша Диксон и украинската пејачка Џулија Санина.

Повеќе од 160 милиони се очекува да го следат натпреварот низ целиот свет. Обединетото Кралство е домаќин во име на победникот од 2022 година, Украина, која не можеше да го организира настанот поради војната со Русија.

The post Чарлс и Камила ја покажаа сцената на Евросонг во Ливерпул appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK