Како што пренесуваат светските медиуми, Кристијано Роналдо ќе мора да ѝ исплати на неговата партнерка Георгина Родригез 350 милиони евра, во случај двајцата да решат да се разделат.
Богатството на фудбалерот се проценува на милијарда евра, а на ваква отштета се обврзал кога потпишале договор, тврди португалската телевизија CM. Договорот го направиле кога решиле да живеат заедно и да имаат биолошки деца. Двајцата имаат две ќерки, додека сурогат мајка на Роналдо претходно му роди три.
„Роналдо веќе го боли глава од парите кои треба да и ги исплати ако раскинат. Таа би останала без некои привилегии, како на пример, приватен авион, скапоцен возен парк, месечен џепарлак, но сигурно не би имала финансиски проблеми. Парите се најголемиот проблем во нивниот однос. Роналдо не може да поднесе немилосрдно да му ги троши парите на глупости“, рече извор близок до двајцата.
Двојката се заедно од 2016 година, кога се запознаа во дуќан за луксузна облека во која работела Георгина, но никоаш не се венчаа. Се шпекулра дека мајка му на Роналдо, не му дозволува. Таа не може да ја смисли Георгина, затоа што му го нарушила односот со синот.
Георгина секој месец ќе добива одреден процент од палатата на Роналдо, а таа добро заработува и на страна имајќи ги предвид различните спонзорски договори што ги има тој.
The post Во случај да раскинат Роналдо ќе мора да ѝ плати на Георгина 350 милиони евра appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде