септември 20, 2024

Американскиот глумец Џејми Фокс поради медицински компликации пред две недели заврши во болница. Лекарите сè уште не можат да откријат што му е. Извор близок до него откри детали за неговата моментална состојба и рече дека не реагирал на стимули и на моменти морале да го враќаат во живот.

Актерот има висок крвен притисок, а компликациите настанале поради стресот што го почувствувал на денот кога бил хоспитализиран.

„Џејми доживеа сериозна медицинска епизода и му требаше итна помош. Со денови беше неизвесно и мораа да го оживеат. Многу е среќен што е жив“. рече изворот и додаде дека глумецот страда од висок крвен притисок, за кој лекарите велат дека може да предизвика згрутчување во мозокот.

Тоа може да доведе до мозочен удар. Лекарите веруваат дека ова се подготвува веќе некое време, а доколку не постапеле брзо, Џејми можел да умре“, рече тој.

На денот кога го хоспитализираа, Џејми го снимаше филмот Back in Action во кој глуми со Камерон Дијаз. Таа рече дека тој се однесувал проблематично за време на снимањето.

„Не беше забавно да се биде покрај него, особено за Камерон. Но, сега изгледа дека има добра причина за тоа“, откри изворот и додаде актерот моментално е буден и реагира на стимули.

The post Лекарите морале да го оживуваат, нови детали за состојбата на Џејми Фокс appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK