ноември 23, 2024

Жестока тепачка и прекин е епилогот на натпреварот од Евролигата, втор во четвртфиналната серија меѓу Реал Мадрид и Партизан (80:95). Најжесток беше Гершон Јабуселе, кој му направи ММА зафат и го тресна на земја Данте Егзум. Кошаркарот на Партизан многу веројатно има скината тетива и ќе паузира долго.

Страстите веднаш зовреа и во Белград каде треба да се одигра третиот натпревар од серијата. „Гробари“ уште отсега се закануваат дека кошаркарите на Реал Мадрид „нема живи да излезат“ од Арената.

Во меѓувреме, се појави и снимка дека би можел жестока казна да добие и Матијас Лесор. И тој со боречки зафат со легна на земја Џанан Муса.

To je taj Lessort, izbio mu Musa vazduh pic.twitter.com/b4clCzhmlL

— Luki (@CzvLuki) April 27, 2023

The post „Врие“ во Белград: „Нека дојдат сега Реал“…Ќе има жестока казна и за Лесор? appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK