ноември 23, 2024

Иако за многу скоро се надеваме дека ќе уживаме во топлите денови, до тогаш, максимално да ги искористиме сите шик парчиња на супер промоција со потпис на брендовите на Fashion Group на намалување до -20% на колекција пролет-лето 2023.

Во пресрет на уште еден продолжен викенд, акцентот го ставаме на лежерните и функционални парчиња кои се создадени за викенд уживање, без разлика на тоа кои се вашите планови.

Оваа сезона, спортските и удобни парчиња станаа дел од секојдневието на сите шик момци и девојки, па сега е совршено време да ја искористите првомајската промоција во Fashion Group и да си ги набавите сите парчиња за вистинско уживање во слободните денови.

Ако порано дуксерите, спортските јакни и патиките можеби се носеа исклучиво на викенд прошетки, сега, тренди момците и девојки обожуваат да ги комбинираат и во секојдневните аутфити составени од супер впечатливи парчиња.

Без разлика дали овој викенд целосно ќе го посветите на семејството и ќе заминете некаде во природа или пак едноставно, ќе уживате со пријателите во мирен ручек или прошетка, во вашите омилени брендови ќе ги најдете најсоодветните парчиња, сега, на супер намалување.

Она што е супер кај овие лежерни парчиња е тоа што доколку на работното место немате конкретен дрес код, истите без размислување можете да ги носите секојдневно.

Особено внимание оваа сезона привлекоа и патиките во јаки нијанси, а истите се дел од одличната понуда на брендовите како Diesel, Steve Madden, New Balance, Replay, Scotch&Soda и многу други.

За комбинациите да бидат целосно, погледнете ја понудата на исклучителните дуксери и маички на куси ракави во Superdry, Timberland, Replay, Springfield, модните додатоци во Parfois, стилските лежерни модели во Guess, Mango и Women’secret, сега, на неодолива првомајска акција.

 

The post Првомајска промоција во Fashion Group за продолжен викенд со стил appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK