ноември 23, 2024

Јулија Розга Чук (46), сестра на пејачката Јелена Розга (45), ретко се појавува во јавноста и повеќе сака да живее мирен семеен живот. Оваа недела таа била забележана на презентацијата на новата парфемска креација на брендот „Топ“ во Сплит.

Многумина коментираа дека пејачката и нејзината русокоса сестра изгледаат неверојатно слично, а во едно неодамнешно интервју Јелена зборувала за врската со нејзината сестра и истакнала дека тие две живеат сосема различни животи.

„Јулија е мајка, прекрасна мама, таа отсекогаш била тип што станувала во осум наутро. Јас сум голема спанка, а таа е сосема друг тип. Таа се одлучи за помирен начин на живот. Мојата внука е моја пријателка со која разговарам секој ден, зборуваме многу за се, немаме тајни“, изјавила тогаш Јелена за Јулија, која е мајка на синот Ноа и ќерката Леа, додавајќи дека таа и нејзината сестра имаат сосема различни вкусови за мажи.

Јулија на настанот се појавила во едноставна комбинација, црн фустан и црна јакна, а лицето го сокрила со големи очила за сонце.

„Долго време ние се тепавме, до 17 години. Се сеќавам, веќе пеев во Магазин ние сеуште се каравме, нешто за облеката, нормално, сестра ми беше покриена со модринки, а мене ми фалеше половина од косата“, се присетила Јелена во една прилика за ИН Магазин.

The post Сестрата на Јелена Розга првпат се појави во јавноста: Јулија живее мирен семеен живот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK