Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.С.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно претставување” по член 391 и „фалсификување исправа” по член 378 од Кривичниот законик.
На 25.06.2022 во Скопје, при легитимирање од страна на полициски службеници, пријавениот лажно се претставил дека е вработен во Армија на Република Северна Македонија и притоа употребил лажна службена легитимација.
Следете не, не има насекаде