ноември 23, 2024

Судот го прифати барањето на работниците за отварање на стечај на Бетон АД Скопје поради неисплатените повеќе од осум плати како и два регреса за годишен одмор (К-15), соопшти нивниот синдикат.

„Работниците храбро ја водеа борбата заедно со Синдикатот СГИП која го даде резултатот што го бараа, а со тоа се покажа дека работодавачите се моќни онолку колку што ќе им дозволат работниците“, велат од синдикатот.

По објавувањето на Решението од Судот, од синдикатот СГИП најавија дека ќе обезбедат бесплатна правна помош за постапките за материјално обезбедување на работниците од страна на АВРМ како и за пријавување на стечајните побарувања за плати и придонеси како и други побарувања од работен однос, а за што синдикатот ќе информира на 2 Мај.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK