ноември 23, 2024

Убиениот Македонец во Сончев Брег (Бугарија) е Игор Николовски (50), а сторителот на делото е 14 годишно момче Михаил Х, за кое бугарските медиумите пишуваат дека е од ромска национаност.

Според извори на бугарскиот портал Flagman.bg убиството се случило откако Македонецот се обидел да го принуди малолетникот на сексуални односи.

Наводно 50-годишникот му предложил да одат на затскриено место, во напуштена барака каде ќе можат да имаат интимни односи, но Михаил побеснел, па зел дрвен кол и му нанел неколку повреди во пределот на главата.

Потоа, според пишувањата на медиумите, телото го скрил во блиската шума крај ресторанот „Бчвата“ и го сокрил прекривајќи го со даски и шут.

Овие информации на бугарските медиуми се уште не се потврдени од полицијата, иако според истрагата, мотивите се или педофилија, но можен грабеж затоа што 14 годишникот бил проблематичен и и бил познат на полицијата по криминални дела.

Доколку Михаил биде прогласен за виновен, може да добие затворска казна до 5 години, бидејќи е малолетен.

Полицијата најави повеќе детали за мотивите за убиството во текот на денот.

The post Убиениот Македонец во Бугарија е Игор Николовски (50), а сторителот на делото е 14 годишно момче Михаил Х, за кое бугарските медиумите пишуваат дека е од ромска национаност. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK