ноември 22, 2024

Управата за јавни приходи на денешниот брифинг ги сублимираше заклучоците од контролите на продажните објекти на булевар Никола Карев, познат кај скопјани како „Пластичарска улица“ во текот на месеците јануари и март годинава.

Ори контролата во месец јануари, од 30 проверени продажни места, УЈП констатирал дека дури кај 28 од нив не издавале фискални сметки, односно немале фискален апарат и не воделе книговодство.

Сликата нешто била подобрена при контролата во март, кога од проверени 37 продажен објект, кај 25 од нив биле констатирани неправилности на неуредно сметководство и неиздавање на фискални сметки.

– Во меѓувреме три продавници се поправиле во своето однесување, но генерално треба да се даде време и можност да се подобри работењето, информираат од УЈП на денешниот брифинг со медиумите.

Од изминатиот период на акциски контроли, бил проверуван и јавниот здравствен сектор. Од 10 проверени клиники во комплексот „Мајка тереза“, дури четири од нив не издавале фискални сметки. Било проверувано и работењето на поликлиниките во рамки на Здравствен дом – Скопје. Таму од 13 контроли, било заклучено дека 4 поликлиники не уздавале фискални сметки.

Биле проверувани и приватни здравствени установи во Гостивар, каде што од 16 контроли, кај две имало неправилности.

The post Од контрола на 30 продавници на Пластичарска, 28 не работеле со фискални сметки appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK