ноември 22, 2024

Последните случувања во македонското правосудство не одат во насока на исполнување на стандардите што ги очекува Европската Унија од земјава на нејзиниот пат кон ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир.

И Амбасадорот Гир се огласи за РАШОМОНОТ во нашето судство

Гир за време на денешната посета на Општина Ново Село потсети дека владеењето на правото е фундаментално прашање за евроинтеграциите на Македонија, кое вклучува независно и професионално судство и јавно обвинителство „со највисоки стандарди за интегритет“.

-Почитувањето на владеењето на правото е фундаментално и суштествено прашање на евроинтегративниот пат на оваа земја. Исто така, тоа вклучува развој на независно, професионално судство и јавно обвинителство кое што ги вклучува највисоките стандарди за интегритет. Во последните неколку недели и месеци видовме случувања кои не одат во правец кој ние во Европската Унија би очекувале да одат кон исполнување на стандардите кои се потребни за евроинтегративниот пат на вашата земја – изјави Гир.

Според него, очекувањата на ЕУ се процесот на реформи да продолжи на одлучен начин, при што не постои скратен пат кој води до нивно спроведување.

-Ние очекуваме дека процесот на реформи да продолжи на одлучен начин понатаму затоа што тоа е единствениот пат на кој оваа земја може да стане членка на Европската Унија и, пред сè, тоа е во интерес на самите граѓани на оваа земја. Исто така, можам да ги уверам граѓаните на земјата дека ние одблиску ќе ги следиме сите случувања поврзани со владеењето на правото и се разбира дека ќе продолжиме да ги следиме сите тие случувања од првиот ден на пристапниот процес, па се до последниот ден кога вашата земја ќе стане земја-членка на Европската Унија – изјави Гир.

Ваквата изјава на шефот на делегацијата на ЕУ во земјава доаѓа по последните случувања во Судскиот совет, но и по контроверзните одлуки со кои беа укинати првостепените пресуди за повеќе високопрофилни случаи на корупција.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK