Тактоука е марокански специјалитет направен од динстан зеленчук и зачини кој прекрасно оди со топол леб или месо на скара…
Мароканската кујна е богата со јадења од зеленчук полни со вкус. Едно од нив е тактоука – топла салата од мек зеленчук која се служи како прилог или рустикален намаз за лепчиња и сендвичи.
Се подготвува од едноставни состојки: пиперки, домати, лук и маслиново масло.
Состојки за тактоука:
2 големи пиперки;3 супени лажици маслиново масло;4 големи домати;2 чешниња лук;2 лажици сечкан магдонос;2 лажици сечкан коријандер;1 лажичка чаден мелен пипер;1/2 лажичка ким;1 прстофат кајен пипер;1/2 лажичка сол (или повеќе по вкус);1/2 лажичка шеќер во прав.
Подготовка на тактоука:
Печете ги пиперките на скара или во рерна и вртете ги на секои 3 до 4 минути додека малку не загорат и омекнат. Ставете ги на чинија, покријте ги со крпа и оставете ги настрана да се излади.
Во меѓувреме, бланширајте ги доматите во топла вода, излупете ги, извадете ги семките и грубо исечкајте ги на парчиња од 1,5 см. Излупете ги и исечете ги пиперките на парчиња од 1,5 см.
Во длабока тава загрејте маслиново масло и додадете сечкан лук, па по десет секунди сечкан домат, зачини, билки, сол и шеќер. Мешајте повремено. Покријте и оставете да се крчка 10 минути додека не испари целата течност.
Пријатно!
Следете не, не има насекаде