септември 19, 2024

На граничниот премин „Богородица“ попладнево за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, известуваат од Авто-мото сојуз на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK