Никола Маркоски, директор за развој во БРАКО, е физичар, кој своето образование на полето на апликативната физика го стекнува на универзитети во Москва и Минхен, како и со работење како истражувач на реномираниот минхенски институт „Max Planck“.
За серијалот “Успешни приказни“ на фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, раскажува за образованието стекнато на престижни европски универзитети и институти, како и за поривот тоа знаење да го примени токму во БРАКО и во родната земја.
Во БРАКО раководи со тим од дванаесет инженери, кои се задолжени за развој на новите модели на возилата за одржување на хигиена во урбани средини од линијата Грин Машинс.
Токму предизвикот едно од возилата на погон на дизел да се развие во електрично возило беше пресуден Маркоски да се одлучи професионалната кариера да ја гради во БРАКО и да придонесува за развој на фабриката и македонското општество.
Предизвикот за работа во БРАКО е уште поголем, ако се знае дека производите се извезуваат во 50 земји на сите континенти, а главна конкуренција се компании од најразвиените земји.
The post БРАКО создава успешни приказни – Reporter.mk appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде