Месните специјалитети на скара се чини се резервирани за продолжени викенди.
За денешниот ручек ви го предлагаме овој рецепт инспириран од медитеранската кујна.
Потребни состојки:
500 грама свинско месо (филе)
2 лажици лук во прав
1 лажица мелен ѓумбир
½ лажичка цимет
4 главици кромид
2 пиперки (црвена и зелена)
500 грама свежи шампињони
Масло за премачкување
Свинското месо исечете го на коцки со големина за на раженче. Посолете го, ставете бибер и другите зачини. Оставете да отстои во фрижидер во добро затворен сад или под најлонска фолија околу 30 минути.Шампињоните обарете ги цели во солена вода, а зеленчукот исечете го на големи парчиња.
Почнете да ги редите месото, зеленчукот и печурките наизменично на дрвено стапче. Шампињоните ако се малечки оставете ги цели, а ако се средно големи пресечете ги на половина.
Секое раженче премачкајте го со масло и ставете ги да се печат на загреана скара.
Сервирајте со свежа салата.
Следете не, не има насекаде