Охрид втор ден се полни со викенд туристи, кои продолжениот првомајски викенд ќе го поминат во туристичкиот центар. Километарска колона со возила има од последната патарина кај Гостивар кон Кичево. Гужви има и по Кичево, па се до Охрид. Охриѓани веќе најавија дека очекуваат многу поголема посетеност на градот отколку за велигденските празници.
Во претходните денови, хотелиерите посочија дека најголем дел од капацитетите им се резервирани односно исполнети. Во градот освен домашни туристи, има и групи од странство дојдени со тур-оператори.
Терасите на кафулињата, рестораните, кејот денеска се полни.
Инаку, оние што не се во Охрид, заминаа кај јужниот сосед односно во Грција. Трет продолжен викенд месецов, на граничниот премин „Богородица“ се чека и повеќе од час за поминување на границата.
The post Километарски колони кон Охрид: хотелите исполнети до последно место… appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде