Тимот на Минесота испадна од Денвер во првата рунда од плејофот во НБА лигата, а неговиот најдобриот кошаркар Ентони Едвардс заврши на суд откако по мечот со столица удри две жени.
Денвер ја победи Минесота со 112:109 и се најде во полуфиналето на Западот, а Едвардс додека одеше кон соблекувалната, зема столица и ја фрли кон жените. Иако имаше одличен натпревар, немаше помош од своите соиграчи, па затоа ја фрли столицата, а се најде во проблеми, откако го снимија од публиката.
На почетокот медиумите пренесоа дека ги удрил двајцата работници од обезбедување, но на крајот се утврдило дека станува збор за две жени. Според информациите, тие претрпеле повреди го тужеле за напад. Според законот во Колорадо, за ваков напад предвидена е казна затвор до 18 месеци.
Сослушувањето е закажано за во јуни, а тимот на Едвардс излезе со официјална изјава и нагласи дека се во процес на собирање информации и нема да ја коментира засега ситуацијата. Адвокатот на Едвардс, Харви Стајберг, рече дека не може да свати за што неговиот клиент е обвинет.
„Кога натпреварот заврши Ентони побрза да излезе од теренот, и го помести столот, но не сакаше со него да удри или повреди никого“, рече Стајберг.
The post (Видео) НБА ѕвезда заврши на суд откако по поразот удри две жени со столица appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде