ноември 22, 2024

Северина доживеа мала незгода за време на настап во Загреб. На забавата за списнието Hello, додека танцуваше на песната Italiana за момент се сопна на сцената и падна.

„Имав кореографија да се фрлам во публика, но кореографијата се случи нешто порано. Всушност јас вака завршувам секој пат кога сакам малку да одморам на бина“, рече Северина.

Пејачката беше во црвен фустан со светкави камња и долги црвени чизми. Како вистински професионалец продолжи да пее, а фановите и коментираа и ја пофалија дека е кралица па дури и кога паѓа, тоа го прави на елегантен начин.

„Ова е врв. Па ти дури и елегантно паѓаш. Кралица си. Барем штиклите се цели“, и коментираа некои од нив.

За потсетување, ова не е првпат пејачката да доживее пех на сцената. Пред две години падна на бината среде концертот во Врњачка бања.

The post (Видео) Вака завршувам секогаш кога сакам да одморам, Северина падна на сцената среде настап appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK