ноември 22, 2024

Манекенката Вини Харлоу која боледува од кожна болест наречена витилиго, неодамна позирала целосно гола за американското списание „Women’s Health“.

„Како прва светски позната манекенка со витилиго, таа не е само воин на првата борбена линија за инклузија на убавината, туку и херој за многу жени и девојки кои некогаш се чувствувале неудобно во сопствената кожа“, наведуваат од „Women’s Health“ во својата објава на Инстаграм.
Во интервјуто за списанието, славната манекенка во низа фотографии позирала целосно гола, носејќи само пар бели патики, а една од главните теми на интервјуто била и соочувањето со одбивањата во индустријата и за тоа како успеала да се пробие до врвот и покрај бројните осудувања.

„Прекрасно е што можам да помогнам во поттикнување на самодовербата кај луѓето, без оглед на која општествена класа припаѓаат“, изјавила Вини.
Канадската манекенка чие вистинско име е Шантел Витни Браун-Јанг, токму поради изгледот на кожата се прослави во модниот свет, кога во 2016 година прошета на модната писта на „Victoria’s Secret Fashion Show“ како прва манекенка со витилиго.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK