Скопјанката Мелиса Захитовиќ, која се пожали дека со години трпат насилство од нивниот сосед, но дека нема реакција од надлежните.
„Јас сум Мелиса Захитовиќ (25), по професија Образовен Асистент во училиштето ОУРЦ (основно училиште со ресурсен центар) ИДНИНА. Вчера околу 18:30ч во Петровец доживеавме брутален физички напад од сосед, јас и мојата мајка која е во лоша состојба. Со години трпиме психичка тортура и константни закани по живот од соседот, неговиот поголем брат и останатите членови од фамилијата, вели таа за Канал 5.
Како што пишува додека викала, полицијата се појавила после 2ч заедно со соседот додека неговите пријатели полицајци од полициската станица дојдат на смена.
– Меѓувреме три пати ја барав полицијата плачејќи и молејќи за итна помош, полициските службеници се однесуваа дрско преку телефон велејќи “патролата е одамна пратена чекајте”, додека од итната помош ме бараа велејќи “ништо не ти е измиј се со вода ќе помине”. ВЕ МОЛАМ! Зарем треба да згасне нечиј живот и потоа да се разбудиме?! Кога ќе престанат мажите да креваат рака врз жена?! Стоп за насилството за жежни вели таа.
Од МВР претходно опосочија дека насилникот е уапсен. Но според Мелиса сепак не е уапсен сеуште никој, а насилниот сосед сеуште се шета слободно, дали треба соседот да убие некој за да биде сместен во затвор?
The post Се огласи претепаната девојка од Скопје: МВР лаже, соседот кој со години не тепа, не е лишен од слобода !!! appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде