ноември 22, 2024

Скопјанката Мелиса Захитовиќ, која се пожали дека со години трпат насилство од нивниот сосед, но дека нема реакција од надлежните.

СКОПЈЕ: Сосед со години тепал мајка и ќерка, конечно е уапсен

„Јас сум Мелиса Захитовиќ (25), по професија Образовен Асистент во училиштето ОУРЦ (основно училиште со ресурсен центар) ИДНИНА. Вчера околу 18:30ч во Петровец доживеавме брутален физички напад од сосед, јас и мојата мајка која е во лоша состојба. Со години трпиме психичка тортура и константни закани по живот од соседот, неговиот поголем брат и останатите членови од фамилијата, изјави таа за медиумите.

Како што додава живеат во страв и трепет секоја секунда плашејќи се за својот живот.

– Полицијата апсолутно не превзема ништо. Откако бевме физички нападнати, удирани со клоци и нозе по глава и тупаници по лицето и горните екстремитети додека неговите 5 малолетни деца го гледаа целиот настан кој траеше отприлика 10/15 без престан, дотичниот потоа се упати кон полициската станица во Петровец за да не пријави нас двете, вели таа.

Како што пишува додека викала, полицијата се појавила после 2ч заедно со соседот додека неговите пријатели полицајци од полициската станица дојдат на смена.

– Меѓувреме три пати ја барав полицијата плачејќи и молејќи за итна помош, полициските службеници се однесуваа дрско преку телефон велејќи “патролата е одамна пратена чекајте”, додека од итната помош ме бараа велејќи “ништо не ти е измиј се со вода ќе помине”. ВЕ МОЛАМ! Зарем треба да згасне нечиј живот и потоа да се разбудиме?! Кога ќе престанат мажите да креваат рака врз жена?! Стоп за насилството за жежни вели таа.

Од МВР претходно опосочија дека насилникот е уапсен.

„Веднаш по добиената пријава од М.З. дека на 27.04.2023 во дворот пред нејзиниот дом во Петровец била физички нападната од Е.Л. од Петровец, кој потоа ја нападнал и нејзината мајка З.З., преземени се соодветни мерки и активности. Е.Л. е лишен од слобода и во службен разговор во полициска станица го признал делото. Известен е јавен обвинител и против Е.Л. по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело насилство по чл.386 од КЗ“, кажаа од МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK