ноември 21, 2024

Повеќе од 1000 танчери од повеќе танц студија од Македонија вчера во „Ист Гејт“ танцуваа и го одбележаа Светскиот ден на танцот. Настанот беше и најава за Европското хип-хоп и брејкденс првенство, кое ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, како и за Интернационалниот танц фестивал DANCE OFF 2023.

И на двата настани, Скопје ќе биде домаќин на танчери од преку 20 земји од Европа.

Покрај танчерите, во „Ист Гејт“ настапи и познатиот диџеј – DJ NASTY, како и работилници по танц со повеќе кореографи од Македонија. Светскиот ден на танцот беше посветен на славењето на различноста и убавината на танцот ширум светот.


The post (Видео) Повеќе од 1000 танчери танцуваа во Ист Гејт одбележувајќи го Светскиот ден на танцот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK