мај 17, 2026

Телевизијата „Вистел“ на Владиката Петар односно Петар Каревски, почна да зрачи во етерот, а една од првите содржини пуштени на програмата утринава е филм со Македонци кои отишле во Русија да бараат жени, јавува Макфакс.

Во еден дел од филмот се појавува и самиот Владика Петар, во сцена од црква. На одјавната шпица од филмот во делот на соработници стои Преспанско-пелагониската епархија, додека во делот на „посебна благодарност“ е пишано: „до неговото Високопреосвештенство митрополит Австралиски и Новозеладски г. Петар“.

Телевизијата „Вистел“ е сопственост на фирмата „Преобразба ДООЕЛ Скопје“, чиј сопственик е Петар Каревски односно Владиката Петар. Начинот на нејзино финансирање засега е тајна. Ќе емитува целодневна програма.

The post Со филм со Македонци кои бараат жени во Русија почна со програма „Вистел“ на Владиката Петар appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK